Ѓорчев: Ќе помине и оваа опсада, ќе ги победиме силеџиите од власта!

by Fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и портпаролот на опозицијата, Димче Арсовски, по вечерашната прес-конференција, испратија порака на социјалните мрежи.

Ѓорчев најави дека неговата партија ќе победи и побара оставка од владејачката партија, која според него, врши опсада кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедно со Димче во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе помине и оваа опсада. Ќе ги победиме силеџиите од власта. Режимот на Зоран Заев за прв пат прави опсада на штаб на политичка партија во овие 28 години. Ова е срамота и мизерија. Ќе победиме! Оставка! Оставка! Оставка!“, напиша Ѓорчев на својот Твитер налог.

Поврзани новости