Јанкулоска: Задоволни сме од доказите

by Фокус

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека ценејќи дека анализата на документите во форма на електронски записи кај првоосомничениот се документи кои се со класифицирана содржина, но и со податоци за следење на комуникации на незаконски начин, станува збор за нелегално прибавување на информации, бидејќи на ниту еден легален начин не можел и не смеел да ги поседува.

– Задоволни сме од материјалните докази во прилог на кривичната пријава и оставаме органите да одлучат по основ на силината на документите – истакна Јанкулоска.

Министерката потенцираше дека сопругата на Зоран Верушевски  како второпријавена во полициската акција служела за давање на информации кои подоцна биле искористени за вршење на делото. Таа била вработена во Стопанска банка, каде обработувала податоци.

 

Поврзани новости