КПД Идризово нема доволно капацитети за да ги отвори, односно затвори, вратите за сите предентенти. Оваа европски ориентирана земја, со високи социјални и културни вредности и распупена економија, ќе мора да овозможи соодветен третман на корисниците на затворските услуги. Затоа, во проектот со работен назив Идризово 2016 се предвидуваат следните содржини:
1. Тетратка и моливче за покајние. Секое утро, секој корисник на затворски услуги ќе треба да се испише по 20 листа (40 страници) со линии со следната реченица „Јас (Име, Татково име и Презиме), никогаш повеќе нема да крадам од својот народ.“ Нема биде озбезбеден инструмент за корекција (гумичка), така што корисникорт ќе мора да ја прецрта евентуалната грешка и да почне одново, не сметајќи ги претходно напишаните реченици. Доплнителниот трошок за нови тетратки е на сметка на затвореникот.
2. 1000 преведени дела од говорите на Кастро, Мао и Ким Ил-сунг. Ако не се обезбедат средства за превод, ќе мора да се читаат во оригинал, за што ќе бидат обезбедени курсеви за шпански, кинески и кореански. Квалитетот на наставата и усвоените знаења ќе го проверува Одбор за акредитација и евалуација во состав од пет реномирани затвореници со издржена казна од пет години, без право на реизбор.
3. Велосипедски скали. На корисниците на затворски услуги ќе им биде овозможено користење на велосипедските скалиеден час дневно. Заради топографијата на теренот и лимитираноста на просторот, наместо патека се предвидуваат барокни спирални скали во висина од 10 спрата, а велисипедот ќе биде носен на раце.
4. Свежа градина. Секој корисник на затворските услуги ќе има прилика да ужива во осумчасовна култивација на прекрасни традиционални градинарски видови. Земајќи го предвид здравјето на корисниците на затворски услуги, ќе бидат одгледувани исклучиво нискокалорични и нископротеински видови. Корисниците на затворските услуги ќе имаат право да консумираат 35% од сопствените производи за доручек, ручек и вечера.
5. Мој термин. Корисниците на затворските услуги ќе имаат совршено и навремено обезбеден лекарски преглед од прворангираните педесет клиники Во Руанда, Тога и Ванату. Земајќи ја предвид широката експертиза на Корисниците на затворските услуги, се предвидува евентуалните акутни повреди да бидат санирани од самите корисници.
6. Мој стиропор. Со цел развивање на креативности одржување на вековните неимарски традиции, за секој корисник на затворските услуги ќе биде обезбеден по еден кубен метар стиропор. Фасадата и внатрешноста на КП домот ќе биде еднаш месечно менувана во јонски, дорски, манеристички или ренесансен стил, во зависност од расположението. По потреба, ќе бидат обезбедени и гипс-картони.
Културно забавниот живот на корисниците на затворски услуги ќе биде оплеменет со редовно емитување на снимените емисии од последните девет години на еминентните новинари Јанко и Миленко.
Идризово 2016 – до вечноста
Гордана Попсимонова, универзитетски професор