Заев: Апсењето на Заев нема да го спречи објавувањето на бомбата, само ќе го забрза процесот, ова е финале!

by Fokus

Откако МВР денеска излезе со соопштение дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е осомничен дека го уценувал претседателот на Владата, Никола Груевски дека нема да ги објавува „бомбите“, ако се соогласи на техничка влада и избори, со свој став за полициската акција „Пуч“ излезе и Заев.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека тоа е само обид на власта да го спречи објавувањето на документите и аргументите, кои опозицијата ги има против нив.

– Дури и со апсење на Заев, нема да успеат да спречат објавување на доказите со кои располагаме, а ниту ќе спречат тие докази да стигнат до јавноста. На овој начин само ќе го забрзаат процесот на објавување на сите документи со кои располагаме, бидејќи ова е финале. Нема каде повеќе. Партијата сега ќе ги договори следните потези, а тие се уплашија бидејќи „бомбата“ беше пред објавување, па мораа да преземат нешто – истакна лидерот на СДСМ.

Поврзани новости