425
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, денеска во 10 часот дојде на распит во СЈО, пренесе телевизија Алсат М.
Засега останува непознато за кој случај поранешната шефица на полицијата ќе дава исказ пред тимот на Јанева. Инаку, Јанкулоска е под истрага за неколку случаи на СЈО.