УХМР: Ќе дувне ветер, па ќе се расчисти загадувањето

by fokus

Според податоците на УХМР, и денеска скопјани дишат најзагаден воздух. Највисоки концентрации во осум часот се измерени во Гази Баба 486,21 микрограми на метар кубен, Лисиче 436,82, кај Ректорат 375,69, Карпош 251,55, кај Ректорат 375,69 и во Миладиновци 111,93 микрограми.

Загадувње има и во Кавадарци од 235,14 микрограми, Куманово 115,37, Велес 93,59, Кичево 58,86, Тетово 50,90 микрограми.

Според УХМР, од попладне се очекува промена на времето и расчистување на маглата. Во скопската котлина се очекува промена кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и врнежи од дожд.

Поврзани новости