Скопјани дишат најзагаден воздух

by Фокус 22:09
22:09

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање попладневно покажува загадување на воздухот со високи концентрации на ПМ10 честичките во Скопје.

Според податоците, во 18 часот се измерени 576,32 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 547 во Гази Баба, 520,01 кај Ректорат, 379 во Карпош и 223,40 во Миладиновци.

- Advertisements -

Објавените податоци покажуваат загадување на воздухот од почетокот на овој месец, а во текот на претходниот месец загадување е забележано во 20 дена од вкупно 31 ден.

 

Поврзани новости