460
Пред малку објавена е и официјалната ставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Таа во образложението на оставката најпрво му се заблагодарува на премиерот за довербата што и била дадена да биде дел од тимот кој ќе раководи со Македонија.
Исто така вели дека во овие тешки денови во кои земјава е во длабока политичка криза цени дека е време да се повлече, верувајќи дека со повлекувањето ќе придонесе за нејзино надминување.