Обвинителство: Јавниот обвинител Зврлевски нема поднесено оставка!

by fokus 09:11
09:11

Откако вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, си поднесоа оставки, а премиерот ги прифати, се појави шпекулација дека следен оставка ќе си поднесе и републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

За да ја провериме информацијата, го побаравме Зврлевски на неговиот службен телефон, но откако ни крена слушалка, веднаш го прекина разговорот. Одговор побаравме и од портпаролката на обвинителството Елизабета Недановска, која кусо ни одговори дека станува збор за шпекулација.

- Advertisements -

Денеска во 13 часот е закажана седница во Собранието за избор на новите членови на Владата. За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Засега не е познато кој ќе седне во фотелјата на Мијалков.

 

Поврзани новости