Јанкулоска пред породување, неизвесно дали посебно ќе и се суди за случаите на СЈО

by fokus

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, обвинета во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство веќе е во 9-тиот месец на бременоста поради што е неизвесно како натаму ќе течат судењата.

Според нејзините адвокати, таа наскоро, за 10-тина дена би требало да се породи, поради што на денешното рочиште за случајот „Титаник“, очекуваа дека обвинителката Лиле Стефанова ќе побара за неа да се издвои постапката, односно да и се суди одвоено, а за останатите судењето да продолжи онаму каде застанало, односно со слушање на бомбите.

Обвинителката Стефанова пак, вели дека издвојување ќе побара кога за тоа ќе дојде време, потенцирајќи уште еднаш дека медицинската документација не го оправдала денешното отсуство на Јанкулоска.

Таа објаснува дека таму ниту има податок за покачен крвен притисок, главоболка или нешто посериозно. Одбраната на Јанкулоска пак, побара да и се укине и мерката еднаш неделно да се појавува во судот, но поради новонастанатата ситуација се создава дури и можност судот да не ја укине оваа мерка, туку да и даде и куќен притвор.

В.В.

Поврзани новости