Јанкулоска поради влошена здравствена состојба не се појави на „Титаник“

by fokus

Екс министерката Гордана Јанкулоска не се појави на денешното рочиште за случајот „Титаник“ поради како што рече нејзината адвокатка, здравствени проблеми.

-Утрово сум известена дека Јанкулоска има здравствени проблеми за што ви доставувам ллекарска потврда и отворено боледување, рече адвокатката Сања Алексиќ.

Обвинителката Стефанова истакна дека од медицинската документација не може да се утврди дека обвинетата не може да присуствува во судница.

-Не постои нова здравствена состојба поради која не може да присуствува. Затоа денешното неприсуство на обвинетата не е оправдано, рече Стефанова.

Таа додаде дека во лекарската потврда не е наведено дури и дека главата ја боли, односно дека не е наведена никаква здравствена состојба.

Адвокатите пак, побараа на Јанкулоска да и се укине и мерката секој петок да се пријавува во судот, со оглед како што рекоа, е пред породување.

Sudijata Osman Sabani israkna deka poradi neprisustvoto na Jankuloska denesnata rasprava se odlaga za 3 juli.

Судијата Осман Шабани истакна дека поради неприсуство на Јанкулоска денешната расправа се одлага за 3 јули.

На денешното рочиште во Кривичниот суд требаше да одекна бомбите кои Специјалното јавно обвинителство ги предложи како доказ во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности од 2011 до 2015 година. За овој случај, обвинителката Лиле Стефанова има предложено над 1.000 бомби.

В.В.

Поврзани новости