Единствените реформи кои СДСМ ги прави во МВР се поставувањето на исклучиво партиски кадри на раководни позиции, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во интервју за ТВ Алфа.
-Дојде до целосна политизација на МВР со строго партиски кадри од редовите на СДСМ, а за сметка на тоа она што е основна работа на Министерството е ставено сосема на страна и веќе подолго време имаме катастрофална состојба во областа на јавниот ред и мир, како и во областа на заштита на животот и имотот граѓаните, фрапантни податоци во делот на сообраќајот. Секаде каде што новото раководство во МВР треба да покаже резултати, резултатите изостануваат – истакна Јанкулоска.
Во однос на СЈО таа смета дека со продолжувањето со работа и по истекот на рокот Катица Јанева и нејзиниот тим прават злоупотреби и го прекршуваат законот, верувајќи дека, според неа, ќе бидат заштитени однадвор.