Јанкулоска: Имам коректни односи со сите колеги од Владата

by Фокус

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска изјави дека со сите колеги и во Владата и во Собранието има коректни и професионални односи.

Таа го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека објавувал „креирани и монтирани материјали набавени на незаконски начин“, бидејќи не знаел на друг начин да се претстави пред граѓаните.

– Тој и неговите соработници во недостиг од идеи и конкретни предлози, како единствен начин да се претстават пред граѓаните, решиле да објавуваат креирани и монтирани материјали набавени на незаконски начин, рече Јанкулоска и додаде дека дека со секое ново појавување Заев покажувал сѐ поголема вознемиреност од сериозноста на кривичните дела за кои се товари.

Во неколку снимки објавени од опозицијата се слуша како министерката со погрдни зборови и навреди опишува некои од нејзините колеги во Владата и сопартијци, како Пешевски и Силвана Бонева, но и некои колеги од коалициониот партнер, ДУИ.

Поврзани новости