Наместо повисока плата, војниците добија повеќе салата

by Фокус

Министерството за одбрана денеска го промовираше новиот Правилник за исхрана во касарните во кој се предвидува повеќе овошје и зеленчук за војниците. Овој правилник е во рамки на проектот  за подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ.

Целта на Правилникот за исхрана е, како што рече министерот за одбрана Зоран Јолевски, е храната што ја добиваат војниците да биде многу поквалитетна и да се искористуваат прехранбените производи кои ги имаме во Република Македонија и се многу квалитетни.

-Една од новините е што, како и во други армии од земјите членки на НАТО, начинот на исхрана да биде самопослужување. Дел од храната е супа, чорба, салати и разни десерти односно овошје, изјави Јолевски.

Тој одбегна да одговори на новинарските прашања кои се однесуваа на барањето на професионалните војници на АРМ за зголемување на нивните плати, исто како што се зголемија платите на полицајците.

Поврзани новости