484
Специјалната обвинителка Катица Јанева и денеска продолжи да одговара на прашањата од пратениците на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, и постави прашање за нејзината компетентност, односно какво е нејзиното досегашно потрфолио.
На ова прашање, Јанева искоментира дека внимателно го слуша Милошоски, исто како што го слушала и во „бомбите“ и го упати за нејзиното искуство да се обрати кај нејзиниот поранешен шеф, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.