Вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева ќе го презентира утре, односно на годишнината од формирањето на СЈО.
Јанева извештајот ќе го презентира на утрешната прес-кофнеренцијa во 11 часот во новите простории на Специјалното јавно обвинителство. Истиот ќе го достави до Советот за јавни обвинители и до Собранието, но се уште не се знае дали ќе го презентира пред пратениците.
Се уште нема никакви најави што ќе се најде во извештјот, а во соопштението на СЈО е наведено дека обвинителите ќе одговорат на сите прашања за кои новинарите пројавиле интерес во изминатиот период.
Инаку, првиот извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од 15 март, предизвика жестоки расправии меѓу СЈО и Советот на јавни обвинители. Советот инсистираше Јанева лично да образложи делови од извештајот, а истото го бараше и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но обвинителката одби со образложение дека подносителот на извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај.