Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изрази надеж дека пред да се распушти Собранието, пратениците ќе го изгласаат Законот за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот на СЈО.
Јанева изјави дека формирањето на специјален судски оддел не е прашање кое е во нејзина надлежност, па со Хан разговарале за продолжување на мандатот на СЈО и за техничко материјални прашања.
На прашање дали Хан ќе даде поддршка на нејзините барања Јанева одговори: „За сè еврокомесарот ќе си каже на прес-конферецијата во 14 часот.”
Во моментот во седиштето на ЕУ делегацијата на средба со Хан е лидерот на ДПА Менду Тачи, а по него следува и состанок на еврокомесарот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Средбите на Хан со партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се предвидени во седиштата на партиите, а по завршувањето на состаноците Јоханес Хас во 14:00 часот ќе одржи прес конференција.