По средбата со премиерот, Хан на разговор со Катица Јанева

by fokus

Специјалната јавна обвинителка пристигна во ЕУ инфо центарот за средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

На средбата се очекува да се разговара за предизвиците со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство, напредокот на работата и за нивните барања.

Претходно, Хан се сретна со премиерот Емил Димитриев, на која како што информираше еврокомесарот, било разговарано за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Претставниците на невладиниот сектор пак, на средбата со Хан побараа да се формира независно судско одделение што ќе работи на случаите на Специјалното јавно обвинителство, но претходно да се распушти Судскиот совет и повторно да се реизбере за да се обезбеди непристрасност.

Хан денеска ќе се сретне и со лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Поврзани новости