Јанева: Сашо Мијалков не бил таргет на прислушување, но биле негови блиски

by fokus

Шефицата на СЈО, Катица Јанева ги негираше тврдењата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој како обвинет во предметот „Таргет Тврдина“ вчера во судница рече дека бил предмет на прислушување.

-Обвинетиот Сашо Мијалков не бил таргет во прислушувањето, но биле други блиски до него фамилијарно. А тоа кој прислушувал има докази дека прислушувањето се случувало додека тој бил директор на УБК и по негова наредба. Има докази за тоа во предметот на СЈО и апелирам до јавноста будно да го следи овој предмет – рече Јанева на денешната конференција во организација на ОБСЕ.

Маја Васева

Поврзани новости