Директорот на Државен студентски центар „Скопје“: Работиме на раззеленување на студентските домови

by fokus

Директорот на Државниот студентски центар „Скопје“, Дарио Николовски на денешната прес-конференција информираше дека се работи на подобрување на условите во студентските домови, а подложен на реконструкција ќе биде домот „Стив Наумов“ во Автрокоманда

„Се донесе одлука со која го задолжува 1221 легло во студентскиот дом „Стив Наумов“. Ќе им се овозможат солидни и нормални услови во студентски дом. Работиме на подобрување на условите. Се очекува за целосно опремување на мебел и сите елементи во два блока на студентскиот „Гоце Делчев“. Исто така, работиме на раззеленување на студентските домови. Го реконструираме паркот во „Кузман Јосифоски-Питу“. Ја цениме поддршката од Владата на Северна Македонија. Работиме на истражуваме на студентскиот стандард. Со цел да го подигнеме нивото на безбедност на студентите, а ќе воведеме и видео надзор од врвен квалитет. Во последниот период ќе работиме на спортските содржини. Продолжуваме посветено да работиме и подобрување на животот на студентите“, истакна Николовски.

Поврзани новости