448
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева предмалку пред просториите на Управата за безбедност и контраразузнање потврди дека со нејзиниот тим врши увид во врска со предистражна постапка поврзана со прислушувањето.
-Истражуваме кој и како прислушувал, дали била УБК или странски служби- рече Јанева.
Таа се пожали дека УБК не соработувале со обвинителите и рече дека таму ќе останат се додека е потребно.
– Повеќе пати сме влегле во УБК да разговараме со нив, но не вроди со плод, па затоа што не сакаа доброволно да соработуваат, решивме да влеземе со судска наредба. Остануваме до доцна во ноќта, УБК побара пауза со цел да се консултираат, рече Јанева.