Савески: Левица ќе оди на избори сама, оти никој не сакаше да се обединиме

by fokus

Здравко Савески од Левица, во изјава за Мета вели дека партијата одлучила на претстојните избори на 11 декември да излезе самостојно, поради игнорантскиот однос од опозициските партии.

 – На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме одлука самостојно да настапуваме на изборите. Оваа одлука ја донесовме по игнорирањето на нашата иницијатива од опозициските партии за обединет настап на изборите на сите антирежимски партии, преку непартиски граѓански листи на кои ќе бидат кандидирани истакнати борци против режимот кои не се членови на партии – изјави Савески.

Тој вели дека е особено загрижувачко тоа што речиси ни една опозициска политичка партија воопшто не дала одговор на нивната понудена иницијатива, а за одговор ги удостоиле само од Либерална партија и од ПЕИ, за кои иницијативата не била прифатлива.

Поврзани новости