– Истрагата во Управата за безбедност и контраразузнавање тапка во место – изјави предмлаку Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во придружба со обинителката Ленче Ристевска, по дванаесетчасовниот увид во Управата.
Тие потенцираа дека судската наредба се однесувала на доставување податоци за сите телефонски броеви кои биле предмет на прислушување, но УБК одбила да им ги даде на увид.
Немаме никаков напредок на одземање на податоците кои се предмет на судска наредба, рече Ристовска.
Таа рече дека не е добро да се објавуваат имиња на компаниите , бидејќи со сите што е потребно имаат добра соработка. Товарот на одговорноста е на УБК рече Ристовска.
Јанева дополни дека нема да ги напуштат просториите додека не ги обезбедат потребните доказни материјали.
Претходно денеска, специјалната обвинителка се пожали на опструкции во собирањето докази во УБК за кои рече дека се од круцијално значење за нивната работа.