Јанева најави кривични пријави за Чавков, Андонов и Атанасовски

by fokus 20:51
20:51

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во интервјуто на Телма, рече дека ќе покрене кривични пријави против повеќе лица кои не постапувале по судските наредби и ја попречувале истрагата на истражителите и обвинителите при претресот во Управата за безбедност и контраразузнавање.

-Не се само тројца, повеќемина се и ќе поднесеме кривични пријави кога ќе оцениме дека е време за тоa- рече Јанева на прашањето дали кривични пријави ќе бидат поднесени против директорот на УБК Владимир Атанасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

- Advertisements -

Јанева рече дека во изминатите 48 часа СЈО ги документирало сите обиди на УБК да се попречи правдата и да не се почитуваат двете судски наредби со кои СЈО побара одземање на докази од УБК поврзани со компјутерскиот систем за прислушување и документи за посебните истражни мерки.

Поврзани новости