Истражителот на СЈО избркан од УБК

by fokus

Истражителот на СЈО кој по заминувањето на обвинителите остана да дежура во УБК е избркан од Управата, информираше Катица Јанева вечерва во интервјуто на Телма.

– Го избркале истражителот од МВР. Во моментов уште е во дворот на МВР. Ќе одам да видам која е ситуацијата и што е тоа со неговото бркање. Ние сме должни да бидеме таму – рече Јанева и додаде дека веднаш по интервјуто ќе оди да види што се случува.

Претходно, таа рече дека истражители ќе останат во Управата се додека СЈО не го добие и останатиот дел од податоците за прислушувањето, за кои се чека надворешен експерт.

Поврзани новости