432
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола, дознава Мета.
Според изворите на Мета, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Нив ги интересирале бројот на ученици, километражата и цените на услугите.
Ова го потврдил и директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, Драган Стојановиќ, кој рекол дека неколку обвинители од Специјалното обвинителство вчера го посетиле училиштето и собирале докази за бесплатниот школски превоз.