Иванов: Да продолжиме да градиме праведно опшество

by Фокус 11:22
11:22

Претседателот Ѓорѓе Иванов во новогодишното обраќање порачува да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош и да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува.

-Драги сограѓани, имаме историска одговорност пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци. Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина. Празниците што ни доаѓаат во секој наш дом нека донесат семејна радост, љубов и среќа. Да имаме мир, напредок и успех насекаде и за секого. Ви посакувам среќна и бериќетна нова 2016 година, вели Иванов во новогодишното обраќање.

- Advertisements -

Поврзани новости