Груевски го освои третото место за промоција на криминалот

by Фокус

Македонскиот премиер Никола Груевски го освои високото трето место во изборот за личност на годината заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество, кој е организиран од Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP). Овој избор е традиционален уште од 2006 година, а во него учествуваат новинари од повеќе од 30 држави. Ова е прв пат на листата да се најде македонски политичар и тоа во првите три места.

-На второто и на третот место се наоѓаат жената и децата на претседателот од Азербејџан Илхам Алиев и македонскиот премиер Никола Груевски. Роднините на азербејџанскиот претседател поседуваат голем удел во економијата и ја ограбуваат државата на сметка на сопственото богатење. Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривиње убиства, стои во соопштението на OCCRP за овогодинешниот избор.

Победник оваа година е црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а уредникот на OCCRP, Дру Саливан, вели дека трката била тесна, но победникот си ја заслужил наградата.

Поврзани новости