Јанева донесена во Обвинителство да изврши увид во доказите

by fokus

Третоосомничената во предметот „Рекет“ и екс шефица на СЈО, Катица Јанева, со полициска придружба денеска на пладне беше донесена во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде треба да изврши увид во доказите.

Надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на почетокот на неделата, по севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.

Поврзани новости