Ивона Талевска: Прогонот на медиумите мора да запре!

by fokus 11:54
11:54

Претседателката на МАН, Ивона Талевска од денешниот протест за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски, порача дека мора да се сопре со притисоците врз медиумите, притоа додавајќи дека добиле поддршка од неколку балкански земји за оваа ситуација.

„Одговорете со збор а не со притисок се однесува на заштита на новинарските права и слободи. Се водат над 60 предистраги, обвинениеја и процеси над медиумите. Во Република Македонија просекот против слобода на медиумите е 52 отсто. Ова мора да запре. Македонската асоцијација на новинари ги поддржа и протестите за Томислав Кежаровски. Добивме поддршка од Бугарија, Србија, Косово, Албанија. Прогонот на медиумите мора да запре. Бараме да запре цел прогон низ медиумите“, истакна Талевска.

- Advertisements -

Поврзани новости