Митко Јанчев денес ја презеде гардоначалничката функција во Општина Кавадарци. Пред граѓаните порача дека ова за него е една одговорна функција и како ќе работи во нивни интерес.
,,Се надевам на сплотена соработка со советниците. Наш прв проект ќе биде ,,Мој општинар’’ но планот ни е од понеделник да отпочнеме со работа и на повеќе проекти кои ќе бидат поделени по сектори’’ – изјави Јанчев.
Претходниот градоначалник, Александар Панов, му посака успех во работата, и нагласи дека Кавадарци е една помеѓу петте општини која се наоѓа во завидна финансиска состојба. ,
,Морам да ги набројам сите јавни установи, не само локалната самоуправа, институции од културата, туку и јавни институции кои не должат ништо, а ги имаат редовните приливи. Идниот градоначалник ќе има обврска да ги плаќа само оние ситни доспеани побарувања од компаниите кои ја реализираат комуналната изградба овој период, тоа се многу ситни пари, така што ќе има една релаксирана финансиска состојба и добри услови за идната комунална изградба и реализација на неговите проекти’’ – нагласи Панов.
В.К.