Бочварски и официјално градоначалник на Штип: Захариев не дојде на примопредавањето, оти бил на одмор

by Fokus
Благој Бочварски од СДСМ денес официјално ја презеде градоначалничката должност во Општина Штип. Она што беше впечатливо за време на настанот, секако е отсуството на Илчо Захариев, поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

,,Како и да е, ќе беше добро да е овде и претходниот градоначалник, да ги размениме мислењата, да бидам запознат од прва рака со се она што се случува до овој момент во општината, со состојбата на сметката, со сите состојби во јавните претпријатија, со проекти и состојби со администрацијата. Ќе ми беше важно тие влезни информации да ги добијам од прва рака, но доколку е таа одлуката, да не биде овде присутен претходниот градоначалник, јас не можам ништо повеќе околу таа работа. Овде сум, и веднаш после овој настан ќе ги повикам сите раководители на сектори и директори на јавни претпријатија, да ме запознаат со состојбите на општината’’ – изјави Бочварски.

,,Фокус’’ телефонски го контактираше Захариев, со цел да ја дознаеме причината за неговото отсуство за време на примопредавањето на функцијата.

,,На одмор сум’’ – ни одговори тој во СМС порака, но не успеавме да добиеме одговор дали е на одмор во земјава или пак надвор од неа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости