Во еден од снимените разговори министерот Јанакиевски зборува со еден соговорник како лифтовите во станбените згради во Центар не работата уште од утринските часови на денот на изборите во 2013-тата.
Со тоа тие се надеваат дека ги спречиле старите лица да излезат на гласање, оти голем дел од нив живеат на повисоките катови. Во дел од разговорот Јанакиевски прашува дали старите гласачи кои живеат на 15-ти кат може да се симнат до долу, на што соговорникот му одговара дека нема шанси и дека набљудувал како цело утро ниту еден не заминал на гласање.
Со овој разговор само се потврдија намерите на власта како сакала да ги спроведе локалните избори.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
НН: Ало
ГЈ: Ало.
МЈ: Попизделе комуњариве, на нетови, нивниве новинари.
НН: Како?
МЈ: Ова е брука, се допре дното за писмава.
НН: За што?
МЈ: За писмава што ги пуштивме. Фалсификат, кривична, да одговараат…
НН: А, кај го читаш тоа?
МЈ: По фејцбуци, по твитер, оној Саше Аналитико, Мери што го правеше прилогон, администрација, ако ти текнува, на времето.
НН: Ааа, а шо пишуе?
МЈ: Па за писмото. Дека сме го допреле дното, дека луѓето се сведувале на забавно, дека сме фалсификувале потпис, дека е тоа кривично дело.
НН: Како не, кривично дело.
МЈ: Инаку, не работеа лифтовите од сабајле.
НН: Не?
МЈ: Не.
НН: Сега идам тука баш кај мене, да видам што се дешава. Што ќе се дешава брат?
МЈ: Че попиздат овие.
НН: Добро иде сеа?
МЈ: Не знам, че видиме.
НН: Ти кај си?
МЈ: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.
НН: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.
МЈ: А?
НН: Ќе викаат, ќе умрат.
МЈ: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?
НН: Не бе, какво слегување.
МЈ: А?
НН: Не бе, шо ти е на тебе. Кај мене куливе, еве ги, штама е. Чоек нема надвор. У п…у матер. А, за писмово ако го дале, а добар погодок, значи.
МЈ: Че видиме, лоши се коментарите сеа.