511
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески поднел преставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Коалиција Сите за правично судење и до Македонско здружение на млади правници и повторно се жали дека не можел соодветно да ја подготви својата одбрана поради должината на судските рочишта.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
– Сите ќе го известиме писмено дека ние не можеме да ја менуваме мерката притвор. Не можеме да му укажуваме на судијата, ниту да менуваме било какво судско решение, информира Пировска.