Значи, 3,5 месеци Државното јавно обвинителство раководено од Зврлевски и неговите колеги ги прогласивме за неспособни и неефикасни и на нивна сметка ја донесовме Карла Дел Понте од Гевгелија однапред знаејќи, дека истата ја практикувала правдата единствено во Втора лига југ, истакна Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ на денешната прес-конференција.
Според него, СЈО е творба на чадорот и домашните предавници и е конституирана спротивно на Законот за судство кој патем е двотретински закон,спротивно на Уставот на Р.М и спротивно на вољата од мнозинсвото на граѓаните на Р.Македонија.
– „Криминално стекнатиот прислушуван материјал-бомбите почнаа да се објавуваат во средината на февруари 2015 ,а веќе на 2-јуни со пржинската измама му се одзема ингеренцијата на Државното јавно обвинителство под изговор дека е неефикасно, дека нема направено истраги и дека не процесуирало никакви кривични пријави“ – истакна Јакимовски.
Тој тврди дека извештајот на СЈО е полн со пари потрошени за семинари, пари потрошени за обуки, пари потрошени за скапи патувања во странство, и пари потрошени за професори и експерти кои толкувале цитирам:толкување на позитивното право во доменот на СЈО ,следење на новата правна регулатива и нејзиниот однос кон Законот за јавно обвинителсво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на кумуникациите , запознавање со пресудите на меѓународниот суд за човекови права и тн.