ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и недолично е да се нарачуваат хајки против новинарите на Сител и Република што професионално си ја вршат работата

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува физичките и вербални напади врз новинарите на Република и Сител од страна на СДСМ и соработниците на Катица Јанева, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

– Срамно и недолично е да се нарачуваат хајки и физички да се напаѓаат новинари само затоа што на СДСМ и на Катица Јанева не им се допаѓа тоа што професионално ја вршат својата работа. Ова е само продолжување на срамниот однос на СДСМ кон медиумите којшто во континуитет потсетува на тоталитарната матрица на оваа политичка партија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и сите медиуми врз кои што тој нема контрола ги прогласи за свои политички непријатели и кон нив се обраќаше со речник од којшто се срами секој граѓанин на Република Македонија – истакна Ѓорчев.

Поврзани новости