417
Стевчо Јакимовски најавува дека неговата ГРОМ најверојатно ќе почне разговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во новата коалициска влада, но откако најголемата партија ќе ги заврши преговорите со ДУИ.
– Го имаме 62-от пратеник што го бараше Никола Груевски, но тој ќе биде пратеник на разумот и никогаш нема да служи за пресметки во парламентот, особено не етнички пресметки – изјави Јакимовски во емисијата „Вив Вин“.