Судот во Стразбур ќе и наложи на Македонија да ја регистрира ПОА на Вранишковски?

by Фокус

Македонската државата ќе мора да ја регистрира ПОА на Јован Вранишковски, кој моментално издржува затворска казна за финансиски малверзации. Како што објави телевизијата 24 вести, ваквиот епилог е сосема извесен, бидејќи земјава го губи спорот пред Судот за човекови права во Стразбур, каде постапката е веќе завршена, а пресудата се очекува да биде соопштена кон крајот на годинава. И од Хелсиншкиот комитет, кој го застапува расчинетиот владика на МПЦ-ОА во Стразбур, се убедени дека пресудата ќе биде во полза на ПОА, поради тоа што, меѓу другото, со одбивањето да ја регистрира во два наврати, државава ги повредила слободата на здружување и на вероисповед.

Поврзани новости