Јакимовски пријавил дека вработен ги сменил бравите на две простории во Општина Карпош

by Fokus

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вчера пријавил дека вработен во администрацијата во општината ги земал клучевите од просториите на архивата, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 14.40 часот, С.Ј. – градоначалник на О.Карпош, пријавил дека А.З. вработен во администрација во О.Карпош, без никакво овластување и знаење ги земал клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до архивата и комисијата за јавни набавки на општината.

Поврзани новости