Ја излажала дека знае да гата на злато, па и украла прстени, бурма, нараквици во вредност од 60.000 денари

by Fokus

Скопјанка вчера пријавила дека од непознато женско лице била измамена и оштетена за околу 60.000 денари, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 12,30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот од страна засега непознато женско лице била измамена и притоа била оштетена за околу 60.000 денари. Имено сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и барајќи и злато.

Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости