Измените во законот за пушење пред министрите, ќе се пуши ли зимава во затворените тераси?

by fokus

На предлог на Собранието, министрите во Владата на денешната седница ќе се произнесат за Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето. Овие измени ќе се носат по скратена постапка.

Измените беа предложени до Собранието во јули годинава од група пратеници на СДСМ. Предвидуваат во угостителските објекти да има соба за сместување на пушачите, голема не повеќе од 30 отсто од просторот. Со законот би било дозволено да се пуши и во надворешните тераси на рестораните и на кафулињата, без разлика на временските услови. Актуелната регулатива предвидува парични казни за пушење во затворените тераси.

На денешната седница владата ќе расправа и за предлогот за изменување за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

На седницата ќе се разгледа и информацијата за пројавен интерес за користење стручна помош од странски експерти на третиот јавен повик на проектот „Странски експерти за домашни компании“.

На предлог на Министерството за транспорт и врски ќе се разгледа и информацијата за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.

Министерството за транспорт и врски на оваа седница на Владата ќе ѝ ја презентира и информацијата за текот и за прогресот на активностите за изградба на карго-аеродром „Филип Втори“ во Штип.

Поврзани новости