401
Лидерот на партијата ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека поднесува кривична пријава против министерот за внатрешни Оливер Спасовски, неколку дена откако МВР поднесе пријава против него за спречување или смеќавање јавен собир.
– Нивната кривична пријава беше донесена во очај, додека нас не не обзема никаков триумфализам, напротив, во една сталожена тридневна консултација со правни експерти одлучивме да поднесеме кривична пријава против министерот за внатрешни работи, и тоа за сторени две кривични дела. Едното кривично дело е за злоупотреба на службената положба и овластување, а другото е сторено според законот за спречување на судир на интереси – рече Јакимовски.