Спасовски бара чист избирачки список за да нема уште една изборна измама

by Фокус

Државната изборна комисија треба максимално да посвети внимание да се исчисти избирачкиот список и да се создаде сигурност кај граѓаните дека избирачкото право не може да биде злоупотребено, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој воедно е генерален секретар на СДСМ.

– Носењето на одлуката на Уставниот суд уште еднаш го зголемува сомнежот на граѓаните на Република Македонија, наместо да ја влее сигурноста дека има кој да го заштити избирачкиот процес и правото на глас. Во таа смисла пораката треба да биде јасна и недвослислена ДИК да го исчисти избирачкиот список, да имаме сигурност дека се што се наоѓа во избирачкиот список е реална бројка. Бројка која не може да биде злоупотребена и да не биде уште една можност за изборна измама и фалсификат – рече тој.

Поврзани новости