ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ може да ги провери сите 2 милиони граѓани

by Фокус

Од ВМРО-ДПМНЕ велат опозицијата на чело со СДСМ шпекулира и манипулира со избирачкиот список затоа што во спротивно ќе признае дека немало причина да се одложат изборите првично закажани за 24 април.

“Проверката не значи дека некој е фантомски гласач или дека некој направил некоја неправилност. Проверката е едноставно само проверка. СДСМ ќе ја има најтешката задача кога ќе се обелодени дека фантомски гласачи всушност воопшто немало, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија им порачуваат на СДСМ и ДИК дека ако сакаат можат да ги проверат сите 2 милиони граѓани.

Поврзани новости