Стевчо Јакимовски на вечерашниот протест за правда за Никола Груевски во изјава за „Фокус“ вели дека тој дошол за да даде поддршка на Судот да суди според законот. Додаде дека тој е против помирување и секој треба да си одговара за тоа што го направил, но да не се монтираат процеси.
-Даваме поддршка на Судот, на чесните судии да се одважат и да судат по словото на законот. Сите политички процеси да ги отфрлат. Таму каде што има криминал треба да се одговара. Но, вакви дела кои му се ставаат на Груевски, за набавка на Мерцедес, се класичен пример за монитран случај. Во исто време денеска гледаме дека СДСМ и Владата набавуваат возила од донатор на партијата. Чесните судиии да се одважат и да кажат не на политичките случаи. Сум било какво било помирување, нема зошто да се помируваме, кој е виновен треба да одговара. Но, да не измислуваме случаи како тероризам и да ги плашиме луѓето со 15 години затвор. Кој отворил врата треба да одговара, кој тепал треба да одговара, рече Јакимовски.