Осуден за 27 април на протестот за правда за Груевски: Не ми треба помилување, ќе лежам затвор

by fokus

Жежовски Петре, кој е осуден на две години и шест месеци затвор за насилството во Собранието, на вечерашниот протест за правда за Никола Груевски порача дека не сака помилување.

-Ако бевме терористи ќе одевме со бомби и пиштоли. Да не ја дадеме Македонија. Не ми треба помилување. Ќе лежам затвор. Ние не можеме марсовци да бидеме. Ние сме Македонци. Ќе победи македонски народ. Не може против народ да се борат. Не постои вакво нешто, рече Жежовски.

Поврзани новости