Поранешнот градоначанк на општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд.
Во придружба на полицаец Јакимовски пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи два прста во знакот на победата.
Од утринава тој и уште неколку лица се приведени и даваат исказ кај судија за предистражна постапка.
Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.