ТАВ Македонија го прослави отворањето на двете нови дестинации Баден – Баден и Бремен

by Fokus 14:41
14:41

Со слатки подароци за 195 патници, ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје до Баден – Баден, Аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен, како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета од Меѓународниот Аеродром Скопје во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел  од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана два пати неделно, секој вторник и сабота.

- Advertisements -

Утре, 20-ти март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот Ербас А320 на Виз ер со 189 седишта, ќе лета на оваа рута два пати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.

Менаџментот на ТАВ Македонија го изрази нивното огромно задоволство за постојаното проширување на мрежата на авиолинии од скопскиот аеродром.

Баден-Баден и Бремен се двете нови редовни линии на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје, кои ќе функционираат преку целата година. Линијата Баден-Баден почнува денеска, на 19-ти март, а линијата до Бременќе почне утре на 20-ти март. Веруваме дека овие дестинации ќе бидат интересни за нашите патници, дека ќе ги користат често и ќе доживуваат нови патувачки авантури. Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, бројот на дестинации до Германија станува 10, додека вкупниот број на дестинации од скопскиот аеродром 39. Со отворањето на новите рути, Виз ер исто така ќе го базира својот петти авион во базата на скопскиот аеродром, што е многу важен чекор напред за авиокомпанијата, покажувајќи ја нивната посветеност на постојани инвестиции во нивната база во Скопје. Сакам да се заблагодарам на Владата и на Виз ер, за нивната постојана посветеност на развојот на авијацискиот пазар. И на крајот, но не и помалку важно, би сакал да им се заблагодарам на сите институции вклучени во аеродромските операции, како Агенцијата за цивилно воздухопловство, Македонска Навигација, Полиција и Царина, за добрата соработка која ја имаме, изјави Неџат Курт, Координатор на аеродромите во ТАВ Македонија. 

Билетите за двете нови дестинации доБаден-Баден и Бремен се веќе во продажба преку веб-сајтот на Визер www.wizzair.com.

Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, како нови дестинации, сега од Меѓународниот Аеродром Скопје е директно поврзан со 39дестинации, на кои оперираат13 авиокомпании.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома, продолжува со порастот во бројот на патници. Имено, во текот на јануари и февруари 2019 година, вкупно 305.246 патници (7% годишен пораст), патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Поврзани новости