Јакимовски и Ванковскa ги собрале потребните потписи за претседателска кандидатура

by Фокус

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро. Храбро до победа“, напиша тој на фејсбук.

И универзитетската професорка Билјана Ванковска, која има поддршка од Левица, ги собрала потребните потписи.

„Проф. Билјана Ванковска, ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10.000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, објави Левица.

Поврзани новости