Јакимовски бара одложување на пописот: Попис на сила ќе ни се удри од глава

by Фокус

За успешен попис и резултати се потребни корекции на тоа што може да се поправи, смета Стевче Јакимовски, лидер на опозициската ГРОМ. Тој на ТВ 24 нагласи дека дел од граѓаните одбиваат да се попишат и покрај апелите на политичките партии за неопходноста од спроведување на операцијата. Според него, пописот е потребен, но треба да се одложи за два месеца од најавениот термин.

-Ако сакаме да имаме успешен попис и да имаме резултати, треба да се коригира тоа што може да се коригира. Во опасна ситуација сме. Не треба да правиме попис на сила, зошто тоа ќе ни се удри од глава. Народот кога не може да се спротивстави, се повлекува и тоа го искажува на избори – вели Јакимовски.

Поврзани новости